332
Утринава во околу 2 часот по полноќ во Полициската станица Драчево З.Р.(47) пријавил дека на 1 јуни 2018 година околу 23 часот во паркот на бранители во населбата Драчево физички бил нападнат неговиот 17 годишен син од страна на три лица од Драчево.
Во врска со овој настан во Полициската станица Драчево и Ј.Р.(51) пријавил дека во исто време и на истото место физички бил нападнат неговиот 17 годишен син од страна на едно лице на возраст од 17 години и уште две други лица. Се работи на целосно расчистување на случајот.