Три ракети погодија база во Ирак каде има и американски војници

by fokus

Три ракети експлодираа во ирачка база во која се сместени и американски војници.

Ракетите од типот „Каќуша“ експлодираа во кругот на базата Балад во Ирак, 80 километри северно од Багдад, во која има американски сили.

Нема повредени во нападот, изјавија извори од безбедносните служби. Нема други детали за нападот.

Претходно беше соопштено дека проектил експлодира во силно обезбедуваната Зелена зона во ирачкиот главен град Багдад во близина на американската Амбасада.

Сите улици кон зградата на американската Амбасада се затворени. Дел од западните медиуми јавија за експлозии на два проектила.

Поврзани новости