Две паралелни прослави за Рамковниот договор – Мицкоски ќе се обрати на свечена владина седница

by Fokus

На две паралелни прослави утре ќе се одбележува 23-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Едната прослава ја организира вицепремиерот Изет Меџити, дел од владејачката коалиција „Вреди“, и ќе се одржи во Музејот на современа уметност. Таму ќе има свечен прием и ќе се обрати Меџити.

Свечена седница ќе се одржи и во влада и таму ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

Во петокот, коалицијата Вреди упати покана до ДУИ за учество во државно одбележување на 23-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор со порака дека ако организираат паралелен настан, дека ќе ги „девалвираат придобивките за Албанците од Охридскиот мировен договор“.

Но, ДУИ ќе организира посебна прослава во скопски хотел.

 

Поврзани новости