Во изминатото деноноќие во Демир Капија се регистрирани два нови случаи на корона вирус. Станува збор за маж на возраст од 34 години и девојка на 22- годишна возраст.
-Мажот бил во контакт со лица од општината кои се инфицирани од вирусот, додека пак за девојката нема податок дека била во контакт во било кој од веќе заболените од Демир Капија. Не можеме да кажеме од каде таа се инфицирала со вирусот– ни изјавија од Центар за јавно здравје Кавадарци.
Со тоа бројот на заболени од Ковид 19 во Демир Капија се искачи на седум. Три лица се со симптоми и се сместени на Инфективно одделение во Велес, додека пак четири лица се на домашно леуквање- информираат од центарот.
-Во Демир Капија моментално има 11 лица со Решение за самоизолација. Кога станува збор за Решение, значи дека лицата биле во близок контакт со некој кој е позитивен на вирусот, затоа и се издава решението. Додека пак кога станува збор за Изјава за самоизолација, таа им се издава на лицата кои од странство влегуваат во земјава, односно најчесто се работи за возачи на камиони. Тоа е разликата помеѓу Решение и Изјава, да нема забуни помеѓу граѓаните – појаснуваат од ЦЈЗ Кавадарци.
За актуелните коментари помеѓу жителите на Неготино и Демир Капија, дека заболените веќе се излекувале, известуваат дека се само шпекулации, бидејќи ниту едно од седумте позитивни лица во Демир Капија и двете во Неготино, се уште не се излекувани. Според процедурата на МЗ, дури по два негативни теста, лицата се сметаат за излекувани од вирусот.
Вики Клинчарова