541
Две негувателки од прилепските детски градинки се позитивни на ковид-19, по што вкупно 30 деца се ставени во 15-дневна изолација. Дваесет и едно дете е на возраст од две до три години, додека девет се на возраст од три до шест години, пренесува Нова Македонија.
Директорот на ЈОУДГ „Наша иднина“, Орце Тодороски вели дека во шестте градинки се почитуваат сите препорачани здравствени протоколи и во моментов нема место за паника.
– Во градинките се згрижени 630 деца во 50 групи. Сериозен проблем е недостигот од места за уште 373 деца, при што некои родители се на долгата листа на чекање – вели Тодороски.