Велешанката Василка Трајкова (71), која излегла од семејниот дом на 14-ти јануари, околу 17 часот, и по две недели се уште не е пронајдена.
Информацијата за „Фокус“ ја потврдија од СВР Велес.
Како што претходно објавивме, откако излегла од домот, Василка за последен пат била забележана помеѓу Стариот мост и Градски пазар, на 14-ти јануари, и нема официјална информација зошто нејзиниот сопруг Д.Т.(77), го пријавил исчезнувањето во полиција дури наредниот ден, околу девет часот.
Набргу откако од МВР го потврдија исчезнувањето на жената, на социјалните мрежи беше објавена и нејзина фотографија, со апел до јавноста, доколку некој има информација за случајот, да се јави во полиција.
Василка, која била лице со здравствени проблеми, во време на исчезнувањето била облечена во сива јакна, плави пантолони и носела црни чизми.
Вики Клинчарова