Две момчиња на возраст од 12 и 13 години се обвинети за силување, а третиот е осомничен дека помагал и бил сведок на силувањето на 12-годишно девојче во париското предградие Курбевоа, дозна денеска Монд.
Како што пренесува Parisien, истрагата е отворена во саботата, на 15 јуни, по пријавата на девојката.
Според полициски извор на кој се повикува парискиот весник, малолетничката објаснила дека и пришле три момчиња и ја одвлекле во напуштен хангар додека со друг била на плоштадот Анри-Рено, во близина на нејзиниот дом.
Осомничените „ја принудувале на анална и вагинална пенетрација, орален секс, со смртни закани и антисемитски навреди“, рекол истиот извор за францускиот весник.
После тоа оштетената поднела пријава во придружба на нејзините родители.
Според Паризиен, едно од трите момчиња им кажало на инспекторите дека дејствувал од одмазда затоа што жртвата ја криела од него својата еврејска вера.
Друг малолетник, наводно, признал дека ја нападнал поради нејзините коментари за Палестина.
Тројца малолетници беа уапсени во понеделникот на 17 јуни.
Двајца се обвинети за силување, додека третиот е осомничен дека помагал и бил сведок на силувањето.
На најмладиот осомничен, 12 години, му е изречена привремена воспитна мерка, а на другите двајца им е одредена мерка притвор, посочуваат од обвинителството.