Две момчиња се удавија во Ада Циганлија во Белград

by Fokus

Двајца тинејџери се удавија денес на Ада Циганлија во Белград, јавија српските медиуми.  Припадници на Министерството за внатрешни работи и нуркачка единица денес попладне од езерото на Ада Циганлија, извлекле тела на две шеснаесетгодишни момчиња.

Претходно во полиција околу 17:30 часот е пријавено дека во езерото на Ада Циганлија влегле голем број матуранти, но дека две лица не испливале.

Полициски патроли, како и Нуркачката единица на Жандармеријата, веднаш биле испратени на местото на настанот и почнале потрагата.

Младите момчиња кои денеска се удавија на Ада Циганлија се М.С, средношколец од Земун и С.Ч. ученик во средно училиште во Железник.

Таткото на едно од удавените момчиња набрзо пристигнал на местото на настанот, кој побарал да го види детето.

„Не му дозволија, само се струполи на подот, па го одведоа“ изјави еден од очевидците.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира до децата и родителите да не влегуваат во езерото на Ада Циганлија бидејќи со тоа си го ризикуваат животот.

Ве молиме имајте предвид дека сезоната на пливање не е отворена во Ада Циганлија и затоа нема дежурна спасувачка служба на ова место.

 

 

 

 

Поврзани новости