Две момчиња се обиделе да се качат на статуата на кулата на катедралата во Милано, уапсени се

by Fokus

Италијанската полиција приведе двајца млади момчиња кои вчераутро се качија на главната кула на миланската катедрала додека вежбаа паркур.

Младите момчиња на возраст од 18 и 20 години се од Франција и се членови на група за паркур, јавуваат италијанските медиуми.

Кога случаен минувач и полицијата ги забележале нешто по 6 часот, тие доброволно се симнале од катедралата и биле приведени, објави на Твитер градскиот советник за безбедност и цивилна заштита Марко Гранели.

Сакале да се искачат на позлатената статуа на Мадона на врвот на главната кула, на околу 108,5 метри над земјата.

Имале мобилни телефони и камери за да ја снимаат нивната авантура.

Се сомневаат дека преку ноќ се криеле во катедралата за да го снимат своето искачување рано наутро.

Поврзани новости