Две малолетнички на возаст од 12 и 13 години биле повредени вчера откако биле прегазени од автомобил во Скопје, информираат од МВР.
„На 09.01.2020 во 19.15 часот на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ и сервисната улица што се поврзува со бул.„Никола Карев“ во Скопје, патничко возило „шкода фабија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(60) од Скопје, удрило во две малолетнички на возраст од 12 и 13 години од Скопје. Во незгодата 12 – годишното девојче се здобило со тешки телесни повреди, а 13 – годишното девојче се здобило со телесни повреди по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, соопштуваат од МВР.