Две лица загинаа во престрелка во фабрика во Германија, напаѓачот избегал

by Fokus

Две лица загинаа откако маскиран и вооружен маж денеска околу 17.45 часот упадна во фабриката „Хаенел“ во градот Бад Фридрихшал во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг.

Според полицијата, двајца мажи биле застрелани, додека третиот е тешко повреден, пренесува Билд.

Полицијата го опколи местото на злосторството и испрати голем контингент полициски сили, вклучително и хеликоптер и Тим за специјални операции (СОТ).

Според соопштението, напаѓачот успеал да побегне, а потрагата по него е во полн ек.

Поврзани новости