142
Најмалку две лица загинаа во страотен пожар што рано утринава се случи во населбата Раковица во Белград.
Утринава околу 5 часот и 30 минути интервенирале екипи на итната помош поради пожар што се случил во стан на втор кат во зграда на улица „Лука Војводиќ“ бр. 91 во Раковица, а според дежурниот лекар, животот го загубиле најмалку две лица.
Од итната помош велат дека се уште немаат информации за вкупниот број на жртви и повредени во овој пожар, како и за причините поради кои настанал истиот.
Маж и жена на возраст од околу 80 години најверојатно починале од задушување поради вдишување чад.
Според неофицијални информации, пожарот првин настанал во дневната соба и се проширил кон терасата.