Две лица загинаa од руски ракети во Полска

by Fokus

Во селото Пржеводов во источна Полска во близина на границата со Украина попладнево се случила експлозија предизвикана од руски ракети, а според информациите, во нападот загинале две лица.

Имено, рускиот проектил погодил област во полското село, а во нападот била погодена и соседна Молдавија, која денеска пријави недостиг на струја на целата своја територија поради руските ракетни напади врз украинската енергетска инфраструктура при што бил урнат клучен далновод.

Поврзани новости