609
Две лица се убиени вечерва во престрелка која се одиграла во Старата скопска чаршија. Убиството се случило околу 20.00 часот во близина на кафе барот „Шиша бар“
Според засега непотврдени информации се работи за лица добро познати од криминалното подземје. Медиумите веќе објавија дека еден од нив е наводно извесен криминален бос – Јетон викан Жила.
Од МВР потврдуваат дека имало пукање и дека е во тек увид на местото.