734
Автомобилот кој денеска се запали на булеварот „Трета македонска бригада“ претходно се судрил со друго возило, по што се превртил и избил пожар, соопштија од МВР за „Фокус“.
-Денеска (18.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека во 15.50 часот на бул.”Трета македонска бригада” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “опел”, управувано од Д.Т.(52) од Скопје и патничко возило “фолксваген”, управувано од Р.К.(53) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, при што во возилото “опел” настанал пожар, известија од МВР за „Фокус“.
- Advertisements -
Во незгодата двајцата возачи се пренесени во болница, каде им се констатирани телесни повреди. Увид врши увидна екипа на СВР Скопје.
К.С.Б.