465
Две лица попладнево се обиделе насилно да влезат со пиштол во автобус број 16 на Јавното сообраќајно претпријатие, потврдија од МВР за МИА.
Во 13.30 часот е пријавено дека во автобус број 16 на улица „11 Октомври“ во близина на Собрание на РМ, две лица со возило застанале до автобусот и се обиделе со употреба на пиштол насилно да влезат во него.
Откако не успеале во обидот почнале да бегаат во насока кон Драчево, по што едниот од нив е приведен во полициска станица Кисела Вода, а по другото лице се трага.
Полицијата го пронашла пиштолот бидејќи тие додека се возеле го фрлиле пиштолот по пат.
Во тек е истрага за случајот.