Две лица починаа од вирусот Западен Нил во Грција

by Fokus

Две лица починаа од вирусот Западен Нил во Грција, според најновиот извештај на Националната канцеларија за јавно здравје (ЕОДИ), со што вкупниот број на починати од почетокот на годинава се искачи на 12.

Во извештајот се наведува дека починатите биле на возраст меѓу 61 и 92 години. Во последната недела се дијагностицирани уште 24 „домашни случаи“ на пациенти, додека вирусот е откриен и кај три лица од Албанија.

Во Грција се регистрирани вкупно 100 случаи на вирусот Западен Нил, објави порталот „creta24.gr“.

Од нив 76 се тешки, а 24 полесни.

Годинава, до 21 август, беа регистрирани и истражени случаи на инфекција со вирусот на Западен Нил во повеќе области и регионални единици.

Во соопштението на ЕОДИ се наведува дека се очекува во наредниот период да бидат регистрирани нови случаи.

На територијата на Европа, покрај во Грција, вирусот Западен Нил е регистриран и во Италија, Шпанија, Франција, Австрија, Унгарија, Романија, Хрватска и Србија.

Поврзани новости