717
Вчера вечерта две лица од Струга се уапсени, затоа што кај нив бил пронајден кокаин, информираат од МВР.
„На 10.06.2021 во 22.30 часот во населба Плитишта во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга ги лишиле од слобода И.Р.(26) и Ј.К.(26), двајцата од Струга. При преглед во патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, бил пронајден и одземен кокаин.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.