569
Две и пол годишно дете почина на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести во Скопје, информираа од оваа здравствена установа.
„Во понеделник попладне на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести е примено женско дете на возраст од две и пол години со знаци за сериозна бактериска инфекција. Претходно детето било релативно здраво, со респираторен инфект третирано 1 недела од страна на матичен лекар. Дента поради влошување на состојбата е донесено на Клиниката. Примено на оддел за интензивна нега, поставено на респиратор, но и покрај сите превземени тераписки процедури после престој од 12 часа, детето почина“, соопштија од Детска клиника.