Две години локална власт, ДПМНЕ ги изневери граѓаните и не ја оправда довербата, велат од СДСМ

by Fokus

ДПМНЕ ги изневери граѓаните, нема проекти, нема резултати – ова е поразителниот заклучок после изминат половина мандат на градоначалниците од ДПМНЕ во над 40 општини, соопшти владејачката СДСМ.

„По две години има само безброј нереализирани избори ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ.

Згора на се, во голем дел од општините кои ги води ДПМНЕ зголемени се цените на давачките за комунални услуги, за данок на имот, што е директен удар врз џебот на граѓаните. Такви се примерите со Битола, Прилеп, Штип, но и многу други“ велат од партијата.

Според СДСМ, општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ наместо да се развиваат, стагнираат.

Поврзани новости