348
Најголеми резерви на злато и девизи во светот ги има Кина, во вредност од 3,371 трилиони долари, според објавените податоци од националните централни банки за мај годинава.
Истражувањето на агенцијата RIA News покажува дека, на второ место по резерви на злато е Јапонија со 1,254 трилиони долари, а на трето место е Швајцарија со 886 милијарди долари.
Индија во мај го зазела четвртото место со резерви во вредност од 590,7 милијарди долари, со што ја престигна Русија, која во однос на минатогодишното истражување изгубила 11,6 милијарди и паднала на 584,2 милијарди долари вредни резерви.
Во првите 10 со најголеми резерви на злато спаѓаат и Саудиска Арабија со 442,2 милијарди долари, Хонгконг со 421 милијарди долари, Јужн Кореја со 420,9 милијарди долари, Бразил 343,5 милијарди долари и Сингапур 325,7 милијарди долари.
Германија се наоѓа на 11. место, а САД се на 12. место.