Две дрона паднаа близу Москва, немало експлозија

by Fokus

Двe беспилотни летала паднаа на автопатот М3 во регионот Калуга во Русија, објави гувернерот Владислав Шапша на својот канал Телеграм.

„Два дрона утрово паднаа на автопатот М3 на километар 2999 од правец на Жиздра и километар 283 од правец на Думиничи. Немаше експлозија, но областа е опколена и под надзор“, напиша гувернерот, пренесува ТАСС.

Врз основа на информациите на Шапша, беспилотните летала паднале на локација која е оддалечена околу триста километри од Москва.

Украина се уште не го коментираше инцидентот.

 

Поврзани новости