631
Повеќето луѓе кои примиле две дози вакцина против коронавирус од различни производители, имале лесни до умерени несакани ефекти, покажува најновото истражување на Универзитетот Оксфорд.
Истражувани се над 800 лица и се покажа дека имале мали несакани ефекти по мешањето дози на вакцини од Астра Зенека и Фајзер/Бионтек.
Како што е соопштено, несаканите ефекти биле краткотрајни и немало други безбедносни последици, а доброволците најчесто се жалеле на треска, замор, главоболки, замор и болки во мускулите.