Две девојчиња во два дена нападнала насилничката од Велес!

by Fokus

Малолетничката од Велес која нападна девојче на возраст од 11 години, а настанот беше снимен и објавен на социјалните мрежи, нападнала и друго девојче, наредниот ден. Според СВР Велес, 12-годишното девојче првин било пријавено дека на 17-ти април нападнало 11-годишно девојче на улица.

Исто така, граѓани пријавиле дека истата насилничка нападнала и друго девојче на 18-ти април, на улица. Девојчето заедно со родителите било повикано на разговор во полициската станица, во присуство на социјален работник. Се разговарало и со уште една малолетничка која била присутна на настаните.

-Се преземаат дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И. (39) од Велес, поради негрижа за своето дете-соопштија од СВР Велес.

Вики Клинчарова

Поврзани новости