Два несреќни случаи попладнево се случија во Делчево и во двата одделно повредени се малолетни деца. Во првиот случај дете, сакајќи да премине улица во централното градско подрачје било удрено од автомобил со кочански регистарски таблички по што со полесни повреди е пренесено во Здравствениот дом во Делчево. Во другиот случај, дете од селото Тработивиште од засега непознати причини паднало од дрво по што веднаш е пренесено во делчевската амбуланта.
Директорката на болницата Марија Глигоровска ги потврди и двата случаи. Како што информираше на децата им се прават рендтгенски и останати рутински прегледи по што заради потврдување на состојбата ќе бидат испратени во Медицинскиот центар во Штип. Засега децата се во стабилна состојба со полесни повреди.
Официјални соопштение за несреќата, од делчевската полиција најавија по обезбедувањето на сите потребни информации за комплетен увид во врска со немилиот настан.