Две деца исчезнаа во езерце во Прокупље

by Fokus

Две деца исчезнаа денеска во селото Ресинац кај Прокупље во водата на импровизирано езеро,  во тек е голема спасувачка акција, јавија српските медиуми.

Станува збор за девојчето С.Д. (14) и момчето Д.Н. (13) од село Речица. Тие влегле во водата и не испливале надвор. Според мештаните тие таму се капат секој ден.

Момчето прво влегло во водата на малото езерце до фабриката за тули и почнало да се дави. Потоа по него во водата скокнало девојчето, но за жал и двајцата не испливале од водата.

Кога виделе дека децата не излегуваат од водата, мештаните веднаш повикале полиција и започнала акција за пребарување, во која покрај полицијата учествуваат и пожарникари и спасувачи.

Поврзани новости