760
Две брачни двојки се истепале меѓу себе синоќа во Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи. Покрај тепачката, тие го прекршиле и полицискиот час, бидејќи инцидентот се случил на улица.
-Вчера околу 21 часот во СВР Велес било пријавено дека на улицата Јордан Џурнов, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу А.М. (45) и неговата сопруга Е.Ј. (42), од една страна и С.К. (36) и неговата сопруга А.К. (34) од друга страна.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.