736
Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР денеска приведоа две лица во врска со лажната дојава за бомба во трговскиот центар Сити мол во Скопје.
МВР соопшти дека се приведени се П.Ц. (19) и А.Д. (19) и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Поладнево беше извршена евакуација во Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош, поради дојава за бомба.
Како што јави репортерот на МИА, полициски екипи со кучиња трагачи повеќе од три часа детално ги пребаруваа сите простории.
Претходно, од МВР за МИА изјавија дека до нив е пристигната информација за дојава за поставена бомба по што на терен беа испратени екипи од полицијата.