441
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против жител на Виница за полов напад врз 14-годишно дете.
„Осомничениот го искористил претходното познанство со детето, па во ноември 2019 година го намамил во помошна просторија на станбена зграда каде го извршил кривичното дело. Потоа тој му дал парични средства на детето за да молчи. Осомничениот го повторил половиот напад врз детето на 31 декември, по што било откриено кривичното дело и осомничениот е лишен од слобода“, информираат од ОЈО.
По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд Кочани на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.