Дванаесет студенти ја добија наградата Инженерски прстен

by fokus

Дванаесет дипломирани студенти од факултетите од инженерските дициплини во државата, денеска го добија признанието Инженерски прстен. Манифестацијата се одржува по 18-ти пат, а е во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Наградите беа доделени во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, кој воедно е и покровител на оваа манифестација.

Добитници на Инженерскиот прстен се Марија Петрова од Архитектонски факултет, универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Дејан Геговски од Градежен факултет при УКИМ, Маја Шаревска, Машински факултет при УКИМ, Моника Фиданчевска од Технолошко метарулшки факултет – УКИМ, Анита Близнаковска од Факултет за земјоделски науки и храна – УКИМ, Јована Добрева од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство -УКИМ, Елена Соколевска, од Факултет за шумарски науки при УКИМ, Ана Марија Стаменкоска од Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, УКИМ, Елена Стефова од Природно математички факултет – УКИМ, Марија Грујоска од Факултет за природни и технички науки, универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Марија Наумоска од Технички факултет, универзитет „Климент Охридски“ Битола и Методија Буцески од Факултет за електротехника и информациски технологии – УКИМ.

Претседателот Стево Пендаровски, кој денеска ја врачи наградата на добитниците, посочи оти верува дека инженерскиот прстен веќе прерасна во успешен и оригинален проект, кој ја остварува првичната цел, афирмирање на инженерските професии и нивното значење за општеството.

-Беспредметно е да се зборува што претставува инженерството за човештвото и неговото влијание во подобрување на квалитетот на нашите животи, заменување на сегашноста и обликување на иднината, затоа да направиме се што е можно во рамки на нашите ингеренции и да инвестираме во нашиот инженерски човечки потенцијал. Притоа секако мораме да почнеме од најмладите.

Според претседателот Пендаровски, дипломираните инженери треба да си го најдат местото во образованието, во институциите, во стопанските субјекти, и таму да го искористат своето знаење и талент, за на тој начин да придонесат за развојот на заедницата.

Поврзани новости