Дванаесет норвешки министерства беа погодени од сајбер напад, соопшти норвешката влада. Тоа е последен во серијата напади врз јавниот сектор на најголемиот европски снабдувач со гас и најсеверната членка на НАТО.
„Идентификувавме слабости во платформата на еден од нашите добавувачи. Тоа сега е решено“, рече Ерик Хоуп, шеф на владината агенција за услуги во министерството.
„Рано е да се каже кој стои зад него и колкава штета предизвика нападот“
Нападот беше забележан на 12 јули благодарение на „невообичаениот“ сообраќај на платформата на еден продавач. Сајбер нападот е предмет на полициска истрага.
„Рано е да се каже кој стои зад тоа и колкава штета предизвика овој сајбер напад“, рече Хоуп. По падот на испораките на руски гас, Норвешка сега е најголемиот снабдувач на гас во Европа и најголем извозник на нафта во Западна Европа.
Кабинетот на премиерот и министерствата за одбрана, правда и надворешни работи не беа погодени од нападот бидејќи користат различни ИТ платформи, објасни Хоуп.