642
Утре во 10:00 часот во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје ќе почне вакцинација на здравствените работници кои работат во ковид центрите.
Први ќе се вакцинираат двајца здравствени работници од инфективната клиника, а по нивното вакцинирање изјава за медиуми ќе дадат министерот за здравство д-р Венко Филипче, претседателката на Комитетот за имунизација проф. д-р Александра Грозданова, како и самите вакцинирани медицински лица.
Министерството за здравство ќе го пренесува во живо на Фејсбук вакцинирањето на првите двајца здравствени работници. Првиот ден е предвидено вакцинирање на 260 здравствени работници.