Последните два дена во затворот Идризово починале двајца осуденици, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата денес во 03.55 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во просторија во полуотвореното одделение бил пронајден починат затвореник.
„Починал затвореникот В.Л.(50) од Скопје, кој издржувал казна затвор од 11 години. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопшти МВР.
Вчера во СВР Скопје во 9.20 часот од Казнено-поправната установа Идризово било пријавено дека во установата бил пронајден починат осуденик
„Лекар од Итна медицинска помош кај осуденикот Б.А.(82) од Скопје констатира смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција“, соопшти МВР