441
Двајца затвореници се степале, а едниот бил прободен со нож, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера околу 07,15 часот било пријавено дека во Казнено поправниот дом “Штип” по претходна расправија помеѓу двајца штитеници С.Н.(35) од Кратово и И.Г.(34) од Скопје, С.Н. со употреба на остар предмет (нож) му нанел телесна повреда во пределот на левата слабина на И.Г констатирана во Клиничката болница во Штип, кој по укажаната помош бил пуштен од болницата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.