Двајца загинати во сообраќајката близу Гостивар

by Fokus

Две лица починале од повреди здобиени во сообраќајната несреќа што се случи вечерва на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

Од СВР Тетово информираа дека во тек е увид на местото на несреќата и сообраќајот се пренасочува по околните патни правци и локални патишта.

– Во судар на патничко возило со гостиварски ознаки и камион со странски таблички, едно лице починало на самото место, а другото во гостиварската болница. Заради увидот и утврдување на причините кои довеле до несреќата сообраќајот на овој патен правец е во целосен прекин од 21:20 часот – изјавил за МИА, портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Според првичните информации, несреќата се случила на три километри пред Гостивар, во близина на неколку угостителски објекти.

 

Поврзани новости