ФБИ ја истражува експлозијата на возило на граничниот премин САД-Канада во близина на Нијагарините водопади како обид за „терористички напад“, објави Фокс њуз.
Според извештајот, загинале две лица во возилото, а еден агент на граничната патрола е повреден.
Возилото се движело од САД кон Канада и удрило во зградата на граничната полиција, изјавиле извори, пренесува Фокс њуз.
Најмалку едно лице е повредено во инцидентот, 27-годишен маж кој бил пренесен во Меморијалната болница на Нијагарините водопади со полесни повреди, вклучувајќи болки во грбот и исеченици.
Сите четири меѓународни гранични премини во западен Њујорк се затворени.
Властите на државата Њујорк „внимателно го следат“ инцидентот на мостот, а државните безбедносни агенции се на терен.