Двajца загинати и неколкумина повредени – се преврте автобус во Србија

by irena 16:21
16:21

На патот Сремска Митровица – Јарак во Србија, автобус од непознати причини излета во канал и се преврте на покривот.

Според неофицијални информации, двајца патници загинаа, а најмалку 10 лица се тешко и полесно повредени.

Патниците во моментов се евакуираат од автобусот, но бројот на патници, нивната состојба и причината за несреќата сè уште не се познати, објави српски Телеграф.

Од правецот на Сремска Митровица кон Рума, забележлив е зголемен број на амбулантни и полициски возила, кои се движат кон Јарак.

Слични вести