Двајца загинати и еден повреден по експлозија на гума на авионот на Делта на аеродромот во Атланта.
Како што објави „Дејлимејл“, трагедијата се случила за време на одржувањето на авионот на компанијата „Делта“ на меѓународниот аеродром Хатерсфилд Џексон во овој американски град во Џорџија.
Вработен во компанијата „Делта“ и еден од работниците за одржување на авионот загинале на лице место, додека третото лице е тешко повредено.
Two killed and one injured after Delta plane's tire explodes at Atlanta airport https://t.co/xWwcLb6y95 pic.twitter.com/yWF3ej6erT
— Daily Mail Online (@MailOnline) August 27, 2024
Инцидентот се случил околу пет часот наутро по локално време. Во соопштението компанијата изрази жалење за трагедијата и наведе дека тоа не влијаело на планот на летот.
Се огласи и градоначалникот на Атланта, Андре Дикерс, кој издаде соопштение во кое изрази сочувство до семејствата на жртвите.
„Моите мисли се со семејствата и најблиските на починатите“, рече тој.