Двајца загинати – авион удри во зграда

by Fokus

Две лица загинаа кога авион удри во зграда во близина на меѓународниот аеродром во американската сојузна држава Хаваи, објави Hawaii News Now.

Локалните власти соопштија дека караван „Цесна 208“ удрил во празна владина зграда која била планирана за уривање.

Загинаа и двете лица кои биле во авионот.

Иако официјалните лица се уште не го објавија идентитетот на жртвите, извори блиски до семејството потврдија дека една од жртвите е дипломиран студент Хирам ДеФрис, млад човек на 20-годишна возраст, кој бил на обука.

Снимени се и последните зборови на пилотот, кој на контролната кула и рекол дека изгубил контрола врз леталото.

Контролорите на летот ги прашале пилотите дали свртуваат десно, на што пилотите потврдно одговориле со зборовите „ах, изгубивме контрола“.

„Ако можете да го израмните авионот, тоа би било добро. Имате слободна писта, секое место на кое можете да слетате“, рекоа од контролата, но потоа авионот удира во зградата.

Поврзани новости