432
Во големото невреме што го зафати Загреб околу 16 часот денес, загинаа двајца мажи, а повеќе луѓе се повредени, потврди за агенцијата „Хина“ Љупка Хитрова од Наставниот институт за итна медицина на Град Загреб.
„Имаме двајца мажи кои загинаа како последица од паѓање на дрва. Имаа повеќе повреди на главата“, рече Хитрова.
Таа додаде дека во Институтот се прават спецификации, но дека има голем број повредени во целиот град, а некои се многу тешко повредени.