641
Еден велосипедист од Скопје заврши во болница откако се судрил со друг во текот на вчерашниот ден, информира МВР.
„На 17.05.2020 во 09.00 часот на бул„.Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу велосипед управуван од К.Т.(47) од Скопје и велосипед управуван од М.В.(55) од Скопје. По незгодата, К.Т. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“, додаваат од МВР.