Двајца уапсени за убиството на лекарот – мотивот не е поврзан со професијата

by fokus

Две лица се приведени за убиството на лекарот кое се случи пред неколку дена во скопската населба Железара.

-Се врши претрес на одредена локација. Имаме осомничени луѓе за убиството, има одредени материјални траги кои не водат до овие осомничени, две лица се приведени и се надевам дека во најкратко можно време ќе можеме да излеземе со детали за овој дел од истражните дејствија, изјави Панче Тошковски, технички министер за внатрешни работи во гостување на поткастот „Претрес“.

Тошковски додаде дека според првичните наоди, мотивот за убиството не е поврзан со професијата.

Убиениот лекар од Скопје имал 67 години и бил најден со најмалку 9 убоди и искрварен во неговиот автомобил во близина на паркот Железара.

Поврзани новости