529
Тројца малолетници и 44-годишен скопјанец вчера физички се нападнати од две машки лица во автобус број 33 на ЈСП.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 5 ноември 2018 година околу 14.00 часот пријавено е дека во автобус број 33 на ЈСП од страна на две машки лица физички биле нападнати три лица на возраст од 17 и еден 15-годишник, како и М.Е.(44) од Скопје.
По преземени мерки за расчистување на случајот во полициска станица се повикани Б.Р. (18) и уште едно малолетно лице и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.