483
Двајца тетовци и еден Албанец се лишени од слобода, откако кај нив бил пронајден кокаин, пренесува МВР.
„Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово на 05.08.2019 околу 21 часот, на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово, ги лишиле од слобода Е.Н.(32) и К.Б.(30), двајцата од тетовското село Порој и С.Ч.( 21 ) од Република Албанија, затоа што кај нив бил пронајден кокаин. Е.Н. се обидел да го фрли кокаинот, а потоа и нападнал еден полициски службеник. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.