Двајца тешко повредени по судир меѓу мопед и автомобил во Охрид

by Fokus

МВР информира дека рано утринава во 00.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од ул. „Асном“ со ул. „Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.М.(24) од Охрид и мопед „априлија“, управуван од Д.В.(18) од Охрид, кој после тоа удрил во паркирано патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

 

Поврзани новости