430
Министерството за внатрешни работи соопшти дека утрово на регионалниот пат Охрид -свет Наум се случила сообраќајна несреќа, кога патничко моторно возило излетало од патот. Во несреќата се повредени возачот и сопатникот.
„Утрово во 04.30 часот било пријавено дека на регионален пат Р1301 Охрид-Свети Наум во населба Свети Стефан, патничко моторно возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Б.А. од Охрид, излегло надвор од коловозот. По несреќата возачот Б.А. и неговиот сопатник В.М.(18) од Охрид биле пренесени во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди“, соопшти МВР.
Од МВР соопштија дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид..