Двајца Срби нападнати во Мајами, едниот застрелан, другиот прободен со нож

by Fokus

Двајца Срби се повредени во Мајами, од кои едниот бил застрелан, а уште еден прободен со нож. И двајцата се во болница.

Нападот се случил околу 18 часот и 45 минути по локално време во престижен кварт во Мајами, кога засега неидентификувани напаѓачи на паркингот во трговски центар го нападнале Н.Р. и неговиот пријател, кои се враќале од пазарење. Мотивот бил грабеж.

– Носевме торби со купени работи кога неколкумина од нив не пресретнаа на паркингот, токму во моментот кога го отворивме багажникот. Бараа да им дадеме чанти и паричници, а кога не се согласивме, почна тепачка. Гледајќи дека работите нема лесно да дојдат, извадиле пиштоли и ножеви. Двапати ме удрија со пиштол одзади во главата, но возвратив, останувајќи на нозе. Потоа пукаа – изјави за српски Тајмс нападнатиот Н.Р.

-Едниот куршум ми помина низ левата нога, а другиот ја погоди коската на десната нога. Тогаш мислев дека ќе умрам затоа што изгубив многу крв, а не знаевме кога ќе дојде брзата помош. За среќа брзо интервенираа – додал соговорникот во моментите додека лекарите во болницата го подготвувале за операција на десната нога.

-Болките се многу големи, чекам операција, но ќе ја истуркам, ние сепак сме Срби. Мојот другар се чувствува добро, моментално му интервенираат. Се надевам дека и двајцата ќе излеземе без последици – вели тој.

Поврзани новости