Двајца со дрога, комарџии и малолетници во кафеана нашла полицијата вчера вечер во Битола

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера вечер во Битола полицијата фатила повеќе лица како играат комар, потоа двајца се притворени бидејќи кај нив е најдена марихуана, а  затекнала и седум малолетници во угостителски објект по полноќ.

„Вчера од полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола  спроведена е акциска контрола на повеќе локации на подрачјето на Битола во рамки на “Безбедно лето 2023”.

Во текот на контролата во парк лоциран во близина на Саат Кулата во Битола, беа затекнати С.С.(38), М.Н.(63), М.Ж.(60) и С.М.(66), сите од Битола, како играат комар. Кај кај нив биле пронајдени пари и други предмети. По документирање на настанот против нив ќе  биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

МВР соопшти дека полициски службеници од криминалистичката полиција на илуца „8“ во Битола ги лишиле од слобода се  Џ.М.(21) и Т.В.(23), идвајцата од Битола, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Ноќва во времето од 00:00 до 01:00 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција  од СВР Битола извршена е контрола на угостителски објект лоциран на ул.„Фуштани“ во Битола, при што се затекнати 7 малолетници. Тие со потврда се предадени на родителите. Ноќва во периодот од 00.00 до 03.30 часот извршена е контрола во 5 угостителски објекти во Битола, при што во два објекти се констатирани  прекршоци кои ќе бидат соодветно санкционирани; соопшти МВР

Поврзани новости