637
Две лица од Скопје вчера се истепале во штаб на политичка партија во Кисела Вода, информираат од МВР.
„На 19.01.2020 во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на бараките на општина Кисела Вода, во просторија која се користи како штаб на политичка партија, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.И.(26) и Н.А.(22), и двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.