574
Во текот на вчерашниот ден, во Ѓорче Петров биле каснати двајца скопјани од кучиња скитници, информираат од МВР.
„На 25.10.2021 во 19.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Љ.П.(66) од Скопје пријавил дека на ул.„Ацо Шопов“ бил каснат од куче скитник. На 25.10.2021 во 19.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.Н.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Борис Сарафов“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник“, велат од МВР.